Луѓето го сакаат BMW поради возачкото уживање, а симпатиите кон баварската марка се покажуваат и на друштвените мрежи. Сега пристигна и важно признание за популарноста на премиум марката на јутјуб.
Повеќе од еден милион претплатници редовно ги следат видео-содржините на сино-белата марка на јутјуб. За овој успех меѓу публиката што ги сака автомобилите и онлајн содржините, тимот за маркетинг на BMW е одликуван со „Golden Button Award“.
Марката од Минхен посебно ја цени комуникцаијата со клиентите и со фановите преку своите профили на јутјуб. Тоа се потврдува и со последните статистики за посетеноста. Видео содржините на BMW низ светот досега се прегледани вкупно 333 милиони пати. Корисниците поминале околу 6,5 милиони часови во гледање на видеата на јутјуб-каналот на BMW.
И тоа е љубов кон BMW: На секои 57 секунди, некој корисник на јутјуб лајкнува, споделува или коментира на видео од марката.
За експертите на видео-платформата што му припаѓа на операторот на планетарно значајниот пребарувач Гугл, BMW претставува „the hottest Auto Brand on YouTube“. Тие посебно ги издвојуваат содржините коишто беа објавени при презентациите во рамките на #NEXTGen 2020. Овој настан со своите атрактивни премиери придонесе бројот на претплатници на јутјуб-каналот на BMW да надмине еден милион.
Најголем ефект меѓу публиката досега има постигнато краткиот филм „The Small Escape“ прикажан лани, кој се одвива во поделениот Берлин во 1960-те години. Приказната за бегството во BMW Isetta преку границата меѓу „двете германии“ надмина 23 милиони прегледи.
https://www.instagram.com/p/CH07ohhAjIa/
















