Moto Guzzi V7 доби нов мотор од 850 ccm

moto guzzi v7 2021

Moto Guzzi V7 доби нов мотор од 850 сантиметри кубни, кој е изведен од V85 TT. Заедно со зголемувањето на работната зафатина за 100 сантиметри кубни, порасна и моќноста на 65 КС, што е 13 КС повеќе од досега. Вртежниот момент исто така се зголеми од 60 на 73 њутнметри.

Целото осветлување на мотоциклот е изведено со ЛЕД светла, а има и нови инструменти, како и нови компоненти во амортизацијата. Moto Guzzi го нуди V7 во изведбата Stone во една боја и во двобојната изведба Special, во којашто следуваат и повеќе хром, како и тркала со краци.

Исто како кај претходниот модел, на неколку европски пазари ќе биде достапна и изведба со моќност намалена на 48 КС, којашто е наменета за управување со А2-дозвола.

Испораките на Moto Guzzi V7 се очекува да стартуваат во февруари.

https://www.instagram.com/p/CIxmeW4L4Qw/

Претходна објаваMercedes Actros што влече 250 тони произведен во 500-от примерок
Следна објаваToyota ги воведува услугите Kinto во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here