Бројни промени и нови функции пристигаат во Lexus UX за влезот во новото моделско годиште. Компактниот кросовер во својата хибридна избведба UX 250h се нуди во варијанта на опрема Style+ Edition.
Во споредба со Style Edition, новата изведба располага со уште неколку комфорни и безбедносни ставки. Меѓу нив се каросериски додатоци бојадисани во црно, како рамката и решетката на маската, исто како и тркалата од 18 инчи, кровниот носач за багаж и капите на ретровизорите. Тоа придонесува премиум кросоверот да има уште повпечатлива појава.
Првпат за UX и посебно за Style+ Edition, за седиштата може да се изберат црни EcoLuxe- облоги на седиштата со изглед на кадифе, со сиви акценти. Посебен печат ставаат шарите во форма на L, кои се заштитен знак за дизајнот на марката. Облагодената верзија на UX располага и со кокпит што е обложен со материјал со препознатливиот Washi-Design.
https://photos.app.goo.gl/fyBEjSHdKbe6fDgb9
Меѓу промените што се однесуваат на целата гама на Lexus UX спаѓаат двата USB-приклучоци назад, кои прејдоа на стандард USB-C, додека напред остануваат „А“. За безбедно да се постават големи шишиња и чаши, држачите се проширени за четири милиметри, на 75 милиметри.
За подобро и попрактично да се користи багажниот простор, подот сега може да се постави на различна висина. Средишниот дел од подот отсега се спушта со еден потег, при потреба од превоз на поголеми предмети.
Моделите што се испорачуваат со пристап без клуч, односно со Lexus Smart Key или со Lexus Card Key (во Luxury Line), клучевите отсега поседуваат заштита од неовластено преземање на информациите.
Управувањето пренесува подиректна повратна информација во режимот Sport
При користење на режимот за возење Sport, во управувањето се добива подиректна повратна информација. На местото на Lexus Park Assist (почнувајќи од нивото Executive Line) доаѓа Lexus Intelligent Park Assist. Системот поседува паркинг сензори напред и назад, заедно со звучно и визуелно предупредување при приближување до неподвижен објект.
Хибридните варијанти на Lexus UX се опремени со звучно предупредување AVAS (Acoustic Vehicle Alerting System). Станува збор за звучник што е вграден во предниот браник и испушта звук додека возилото се движи на струја, при брзини до 25 km/h, исто како и при возење наназад и при мирување на возилото, додека не се притиска врз сопирачката. Звукот не се слуша во кабината.
https://photos.app.goo.gl/nWukSqv9pUYJtRL96
https://photos.app.goo.gl/D9qUL62LinXGxu8JA
https://photos.app.goo.gl/2p6THMcbTR3jPGq16
https://photos.app.goo.gl/2gUVtNa5WH3V17fWA
https://photos.app.goo.gl/VLhkhHYLPfJug2GW7
Lexus UX 250h е автомобилот со којшто во минатата есен имавме пријатна патна авантура.
>> По најубавите есенски рути низ Македонија со Lexus UX

















