Шесто место за чешката марка на Volkswagen во општа конкуренција на германскиот пазар, успешен старт на електричниот СУВ-модел Emyaq iV и сето тоа крунисано со рекорден пазарен удел од 6,2 проценти.
Секоја криза е шанса за добрите играчи да се изборат за подобра позиција. Skoda ги искористи своите предности и напредуваше во време кога е најтешко за тоа да се постигне. Тоа се покажува најдобро на германскиот пазар, најголем во Европа и воедно „втор домашен“ пазар за марката од концернот VW.
До крајот на ноември, Skoda во Германија продала 162.035 нови автомобили. Уделот на чешката марка се зголеми за 0,4 проценти, на вкупно 6,2 проценти од почетокот на годината. Според тоа, Skoda е шеста најпродавана марка во земјата. Позитивниот тренд на марката е далеку над пазарниот просек. Се очекува годинава да се продадат 180.000 возила на германскиот пазар од марката Skoda. Посебен печат на годината оставија електричниот СУВ-модел Skoda Enyag iV и Octavia од четвртата генерација.
Дванаесетти пат во низа, Skoda ќе ја заврши годината како најсилна увозна марка во Германија.
Вкупниот резултат за годинава, сепак ќе биде послаб во споредба со ланската рекордна година, кога Skoda првпат продаде над 200.000 возила на пазарот на матичната марка во својот концерн. Падот изнесува 16,4 проценти и сосем е јасно дека тоа се должи на корона-кризата. Во споредба со целиот пазар, кој е 22 проценти во минус, тоа говори дека Skoda се покажа поотпорна на кризата од останатите марки. Во јуни дури беше постигнат и месечен рекорд, со удел од 7,0 проценти.

Бестселер е Octavia со 46.895 нови возила и со шесто место меѓу најпродаваните модели воопшто во Германија – исто така е единствен негермански автомобил во Топ 10. Лимузината и комбито се нудат во изведби со бензински или дизел мотор, но и како приклучен или благ хибрид, плус во фабричка верзија со погон на метан.
СУВ-моделите е сосем нормално дека го даваат главниот такт на продажниот тренд. Kamiq, Karow и Kodiaq учествуваат со 38% во продажбата на марката во земјата. Kodiaq e дури и втор најпродаван СУВ во својот сегмент.
Во централата на марката во Германија се вработени 380 лица, заедно со персоналот во продажната и сервисната мрежа, Skoda вработува вкупно 16.000 лица во земјата.
Меѓу главните новини за 2021 година е следната генерација на Fabia. Напролет се очекува да стартува и испораката на електричниот Enyaq iV. Следи и голем јубилеј за Skoda, имено компанијата в година ќе одбележува три децении откако стана дел од концернот од Волфсбург.
















