На Mini Countryman подеднакво му е местото во град и во дивина. Мајсторија на дизајнерите на британската марка е во тоа што нивниот СУВ изгледа соодветно каде и да се појави. Сега Mini додава уште толку стил, со специјалната серија Mini Countryman Boardwalk.
Главното обележје на посебната серија Mini Countryman Boardwalk е во каросеријата лакирана во боја Deep Laguna. Бројни каросериски додатоци и детали во кабината го нагласуваат премиум карактерот на марката, како дел од групацијата BMW. Темно сината боја е развиена посебно за Mini Convertible Sidewalk, како специјална серија на кабриолетот.
Британците со оваа серија практично ја исполија желбата на фановите, впечатливата боја од кабриолетот да биде достапна и за Countryman. За контраст, покривот и капите на ретровизорите се бојадисани црно.
Самото име на серијата потсеќа на шеталиштата во традиционалните крајбрежни ресорти во островската држава. Тие шеталишта што неретко се долги и повеќе километри, порано беа омилено место за големи културни собири. Дрвената подлога на шеталиштата послужи како инспирација за амблемот на новата серија.
https://photos.app.goo.gl/u72J1SQmQJsqfFvY6
Припадноста на моделот во специјалната серија Boardwalk се препознава и по посебниот натпис на стилските елементи во крилата, што традиционално се водат како Side Scuttles. Графиката и логото се користат на повеќе места во возилото.
Mini Countryman Boardwalk е достапен во три моделски изведби, како Cooper со 1,5-литарски турбо-бензинец со 136 КС, потоа како Cooper S со дволитарец со 178 КС и во топ-верзијата Cooper S со погон на сите тркала All4. Опција во првите две изведби е 7-степен менувач со двојна спојка Steptronic, додека All4 стандардно поседува 8-степен Steptronic.
https://photos.app.goo.gl/U6qQt3fnz78yBA94A
https://photos.app.goo.gl/RLrZJBEKMYyPRW5X6
https://photos.app.goo.gl/MmBefufUHagHXouw7
>>> Електрично Mini пишува автомобилска историја во Македонија (1. дел)
>>> Mini што вози 200 km на струја и неколку километри на бензин

















