Четири модели на Kia се „Најдобар избор“ според Consumer Guide

kia soul consumer guide

Седма година во низа, Kia Soul е прогласена за најдобар избор во категоријата на градски кросовери на Consumer Guide. Добро следи Telluride, моделот што од старт се проби меѓу бестселерите на Kia на пазарот во САД.

Американскиот огранок на Kia Motors е четирикратен победник во одделните категории според противвреднота што им ја нуди на своите клиенти. Во класата на градски кросовери, титулата на Најдобар избор му припадна на Soul, заедно со Seltos, кој повеќе става нагласок на теренскиот карактер. Меѓу градските комбилимузини победи Rio, додека меѓу кросоверите од средна класа е најубедлив Kia Tеlluride. Овие четири модели се носители на Automotive Best Buy Award за 2021 година според Consumer Guide. Soul постави и рекорд со седумте последувателни победи во својата класа.

Уредниците на Consumer Guide секоја година извозуваат повеќе од 160.000 километри во тестирање автомобили и нивно оценување од гледиште на цената, опремата, перформансите, просторноста, потрошувачката, статистиката на дефекти и вредноста при препродажба.

Со четиори кросовери на списокот на Best Buy на Consumer Guide за 2021 година, Kia докажа дека конструира возила што балансираат меѓу комфор и функционалност, додека во исто време нудат одлична противвредност“, оценува Том Апел, од организацијата Consumer Guide.

>>> Kia Sorento безбеден за пет ѕвезди според Euro NCAP

kia sorento 2020 euro ncap

Претходна објаваЛозата на Suzuki Jimny (III дел): Генерацијата од 1981 до 1998
Следна објаваBMW iX ќе придружува бројни зимски спортови сезонава

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here