Германските премиум марки Mercedes и BMW презедоа клучна улога во рамките на кампањата за купување од локалните производители и понудувачи на услуги во периодот пред католичкиот Божик. Така се случи, BMW iX3 да се најде во т.н. адвент-календар на центарот на Mercedes во Минхен, додека во исто време EXC400 блеска во центарот на сите центри на баварската марка, во BMW Welt.
Жителите и намерниците во Минхен, денес имаа необична глетка во повеќекатната изложбена фасада на центарот на Mercedes во градот. Во една од „кутиите“ во оваа фасада што има функција на католички адвент-календар пред Божик, денес се појави BMW iX3. Слична слика можеа да доживеат и посетителите на центарот BMW Welt во Минхен. Важно место во свечениот амбиент во знак на големиот празник му припаѓа на Mercedes-Benz EQC 400.
Повод за оваа размена на двата конкуренти во премиум сегментот е заедничката намера на двете компании, во овие посебно тешки времиња да ги подржат локалните бизниси во Минхен. На тој начин, BMW и Mercedes испраќаат широка порака за заедништво.
https://photos.app.goo.gl/AcNYrET7aYecr3bv5
Стаклената фасада на салонот на Mercedes-Benz во Минхен по 18-ти пат се претвора во предимензиониран адвент-календар пред Божик. Во овој „салон“ што се наоѓа директно пред прометното место кај мостот Донерсбергер, секој ден се менуваат модели на Mercedes. Швабската марка годинава ги покани фирмите од Минхен да си обезбедат место за своите производи во една од 24-те „кутии“ на календарот.
https://photos.app.goo.gl/3t4eaKC7o6XPVGwL9
Двата жестоки конкуренти во времето до големиот празник договорија соработка во знак на подржување на кампањата „Купувај локално“. Покрај адвент-календарот на центарот на Mercedes-Benz во Минхен дневно минуваат 180.000 возила. BMW Welt годишно има повеќе од три милиони посетители и со тоа спаѓа меѓу најголемите туристички обележја на Минхен.
















