Suzuki V-Strom 650 бестселерски подготвен за 2021 година

Suzuki V-Strom 650 бестселерски подготвен за 2021 година

Промените што претходно беа извршени кај V-Strom 650, придонесоа овој мотоцикл годинава да ја преземе улогата на бестселер во моделскaта понуда на Suzuki. V-Strom со издржливоста и комфорот освои бројни љубители на долгите тури. Од друга страна, возачите што секојдневно го користат мотоциклот го ценат поради практичноста и ниската потрошувачка на гориво.

Во новото моделско годиште немаше потреба од промени во техниката, каде што Suzuki V-Strom 650 веќе е на високо рамниште. Единствениот зафат, иако не и наједноставен, беше направен со цел да се исполни нормата Euro 5.

Вообичаено има нови бои и нова графика, со коишто повеќе се раздвојуваат стандардната изведба и спортската изведба XT. Во првиот случај, Suzuki лакира во бела, сива или црвена боја, а алу-тркалата се во црна боја. Кај спортската варијанта, комбинациите од бои се жолта и бела со златни тркала, додека сивата изведба оди во комбинација со сини тркала. Графиката што следи линија од опашот до резервоарот дава препознатливост на V-Strom 650 XT.

Двоцилиндарецот во V од Хамамацу и досега се одликуваше со врвна ефикасност во согорувањето, благодарение на технологиите Dual Spark и Dual Throttle Valve, исто како и со прскалките со десет отвори, што отимално го распрскуваат горивото.

https://photos.app.goo.gl/YbJ7a1tE58Gp8qLq8

Меѓу главните мери за намалување на потрошувачката и емисијата на штетни материи е намалувањето на внатрешното триење, меѓу другото благодарение на SCEM-третманот на копшулките на цилиндрите и на клиповите. Максималната моќност е 71 КС при 8.000 вртежи, додека вртежниот момент достига 62 Nm при 6.500 вртежи. За да се постигне моќно повлекување од најниски вртежи и брзо и меко ослободување на моќноста, инженерите на вшмукувачката страна применија брегасти вратила со специфичен профил, додека во издувот се користат брегасти вратила од SV. Потрошувачката според фабрика изнесува 4 l/100 km.

V-Strom 650 и 650 XT за 2021 година располагаат со богата опременост. Во град се од голема корист ABS и системите Suzuki Easy Start и Low RPM Assist, кои го олеснуваат поаѓањето. На влажен пат и на лизгав терен се ценат контролата на тракција со два степени и со можност за исклучување.

Вообичаено за производителот од Хамамацу, на мотоциклистите им стои на располагање широка понуда од прибор и опрема.

>>> Малку познати факти: Suzuki има 26 фабрики во 19 држави

фабрика suzuki унгарија

Претходна објаваMercedes вложува 350 мио. € во новиот електричен Sprinter
Следна објаваРафаел Надал и виртуелно во функција на амбасадор на Kia

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here