Вработени во Ford спакуваа 2.586 новогодишни подароци за дечиња во Источна Европа

Вработени во Ford спакуваа 2.586 новогодишни подароци за дечиња во Источна Европа

Околу 50 вработени во фабриките на Ford во Германија учествуваа во пакувањето и испраќањето на 2.586 новогодишни пакетчиња за дечиња од сиромашни семејства во Источна Европа, во соработка со партнерите и со компании за логистика.

Вработените во фабриките на Ford во Келн, Зарлуи и Ахен, на 2-ри ноември почнаа да оставаат новогодишни пакетчиња на 11 собирни места. Во Келн, кадешто е матичната фабрика, беа организирани уште осум надворешни собирни места, обично покрај детските градинки, за и лица што не се дел од Ford да учествуваат во акцијата.

Сите 2.586 пакети беа натоварени на 27 палети, за подароците да пристигнат цели и неоштетени до дечињата во Источна Европа. Конвој од околу 30 камиони ќе појде на 5-ти декември од Милхајм-Керлих и ќе се упати за Молдавија, Романија, Бугарија и Украина. Подароците ќе им се предаваат на дечињата во детски градинки, училишта, болници и во установи за лица со посебни потреби.

Заедно со 2.586 пакети годинава, Ford во 17-те години досега ќе има доставено вкупно 35.258 новогодишни пакети.

Претходна објаваБродовите на Volkswagen со погон на масло од фритеза
Следна објаваBMW со шест трофеи во изборот на Auto Zeitung

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here