Дизел понудата во гамата на Skoda Karoq отсега започнува со 2.0 TDI со 115 КС и шестстепен мануелен менувач. Новиот EVO-дизел има посебно чиста емисија и доаѓа во замена за 1.6 TDI. Порше веќе го нуди новиот мотор во македонскиот ценовник.
Skoda Karoq 2.0 TDI со 115 КС е новиот старт во понудата од дизел мотори за компактниот СУВ. На располагање стојат двете нивоа на опрема Ambition и Style. Порше Македонија веќе го вклучи новиот модел во ценовникот. Karoq во моделското годиште 2021, со мотор 2.0 TDI EVO со 115 КС и со 6-степен мануелен менувач, во нивото Ambition стартува од 23.420 евра. Опција е 7-степен менувач со двојна спојка и во тој случај цената е 25.060 евра.
Едно ниво на опрема погоре, во престижниот Style, компактниот СУВ на Skoda на македонскиот пазар чини 26.070 евра со мануелен менувач и 27.800 евра со менувач DSG. Над тоа следи верзијата на TDI EVO со 150 КС, којашто е за околу 1.500 евра поскапа од верзијата со 115 КС.
Новини има и во понудата од алу-тркала, како и во функциите на пакетот од системи за асистенција Traveller и Traveller Plus. Гамата на Skoda Karoq стартува со 1.5 TSI со 150 КС и цена од 22.120 евра.
>>> Уште шест награди за Škoda на германскиот „Auto Trophy 2020”

















