Електричната Dacia Spring од март следната година ќе биде достапна како автомобил за изнајмување во Франција.
Групацијата Renault го проширува партнерството со француската компанија за изнајмување автомобили и воедно сопственик на ланецот супермаркети E. Leclerc. Сите 504 подружници на компанијата ќе ја добијат електричната Dacia Spring во својот возен парк.
Вкупната количина од електричниот автомобил на романската марка за оваа зделка е 3.000 примероци. Во рамките на новиот договор ќе се испорачаат и 1.000 примероци од Renault Zoe, исто така електричен автомобил и долго време бестселер на пазарот на возила на батерија во Европа.
Spring ќе биде најдостапниот електричен автомобил на европскиот пазар. Електромоторот располага со моќност од 33 kW, односно 45 КС. Батеријата дозволува досег до 225 километри, додека при возење само во градски сообраќај, ќе се постигнува и поголем досег. При користење домашен полнач со 6,6 kW, батеријата ќе се наполни за пет часови.
Цената без субвенции се очекува да изнесува под 20.000 евра.
>>> Dacia ги откри сите детали за евтиниот електромобил, не и цената

















