Фановите на коњските сили и брзините ги чека важен настан во среда. Сант Агата претставува нова изведба на Lamborghini Huracan. Информациите се скромни, но познавачите насетуваат за што станува збор.
Lamborghini во средината на работната недела ќе претстави нова изведба на Huracan. На најавната слика се гледа само силуета на автомобил под вел, но се гледа и масивен спојлер назад. Италијанскиот специјалист за брзини најавува дека настанот е „според вистинска приказна“. За што точно станува збор, станува јасно од мотото „од тркачка патека на пат“ во најавата.
Тоа што Сант Агата ќе ги прикаже во среда е верзија на Huracan што се базира врз натпреварувачките болиди, но е приспособенa според хомологациските норми и може да се регистрира како патнички автомобил. Кусо, тоа е верзија Super Trofeo Omologato.
Вообичаено за овие времиња, премиерата на Huracan STO пред светот ќе одржи само во дигитална форма, на фејсбук и на останатите канали на Lamborghini на друштвените мрежи. Според претспоставките, 5,2-литарскиот мотор V10 ќе ослободув 640 КС и ќе оди во комбинација со намалена тежина на болидот.
Премиерата е на 18-ноември во четири часот попладне.
https://www.lamborghini.com/en-en/3d
















