Уникатната Škoda Slavia возеше на британскиот Милбрук

Уникатната Škoda Slavia возеше на британскиот Милбрук

Škoda Slavia е име зад коешто стојат бројни традиции. Тоа е модел од најраната историја на марката и воедно е името на седмиот автомобил од мајсторите што се квалификуваат во чешката марка. Сето тоа е во чест на 125-годишнината на Škoda. Двоседот есенва возеше на тркачката патека во близина на Лондон.

Седмиот автомобил изработен од мајсторите на обука во Škoda отиде најдалеку со кариерата. Во минатата седмица, Škoda Slavia беше на пробно возење кај британските новинари, организирано на трст-патеката Милбрук. Професионалците на островот имаа ексклузивна можност да го видат и да го пробаат овој единствен примерок.

Slavia е дело на 31 ученици во Škoda Academy. Серијата автомобили изработени од вештите кадри, кои понатаму веројатно ќе продолжат да работат во автомобилската индустрија, почна пред шест години. Оттогаш, нивните уникати редовно го привлекуваат вниманието на светската сцена.

Вистинските корени на серијата сепак датираат од подалечни времиња. Учениците во Škoda изработуваа автомобили уште во 1970-те години, но само мал дел е документиран.

Тест-патеката во Милбрук е оддалечена 80 километри од северот на Лондон и обично се користи како совршена средина за ексклузивни тест возења од ценетите британски новинари. Тие го тестираа вредниот чешки уникат на прочуената „ридска рута“ долга 6,5 километри. На патеката има бројни нагорини меѓу 6,5 и 26 проценти. Секако дека се внимаваше во крајни граници да се почитуваат заштитните мерки од корона.

https://photos.app.goo.gl/WttMvTVpbCgzYXds9

Škoda Slavia од новото време доживеа посебен третман и беше изработена и констурирана со посебно внимание, затоа што и таа учествува во одбележувањето на 125-годишнината на компанијата. Slavia е името на велосипедите, кои беа прв производ на основачите Вацлав Лорин и Вацлав Клемент, во далечната 1896 година.

Slavia е емоционален двосед, изработен врз основа на Škoda Scala, според начелата на родстер од класичен крој.

>>> Практикантите во Млада Болеслав ја претворија Skoda Scala во родстер

Претходна објаваКој уште не верува дека Volvo се најбезбедни автомобили?
Следна објаваШествратен Mini Clubman на шопинг-тура во Копенхаген

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here