Volvo при конструирањето на безбедносната школка на своите возила зема предвид и колку на спасителите ќе им биде едноставно да ги извлечат повредените од возилото. За да ги земе предвид и најекстремните сценарија на деформација, Швеѓаните го направија најнеобичниот тест досега.
Инженерите за безбедност на Volvo првпат пуштија неколку нови модели на Volvo да паднат од 30 метри висина. Целта беше да се создадат деформации исти како во најекстремните сценарија на удар – кога автомобил со многу висока брзина удира во камион или кога автомобил претрпува силен удар отстрана.
Во такви случаи е голема веројатноста дека патниците во возилото ќе бидат во критична ситуација. Тоа значи дека на патниците ќе им биде потребна помош да излезат од возилото и да се превезат до најблиската болница. Спасителите притоа користат хидраулични алатки, што во браншата се водат како „клешти на животот“. Обично е клучен еден час. За време од еден час по незгодата е клучно пациентот да се однесе во болница, за да се спаси неговиот живот.
За таа цел, експертите на Volvo долги години соработуваат со спасувачките служби во Шведска, за да може да се пристапи во возилата и да се извлечат патниците, земајќи ги предвид сите можни видови на судири и деформации на каросеријата.
Заклучоците и мерењата од последниот краш тест ќе се обработат во посебен извештај. Истиот ќе им биде ставен на располагање на спасителите, што ќе им овозможи правилно да интервенираат во сите случаи на незгода.
Спасителите при обучувањето обично користат возила од отпад. Тие возила честопати се стари по дваесетина години. Во поглед на јачината на челикот, постои голема разлика меѓу денешните автомобили и меѓу моделите што се проиведуваа пред петнаесет или дваесет години. Во новите автомобили на Volvo, на пример, исто така во голем обем се користи челик со ултра висока цврстина.
Вкупно 10 автомобили Volvo беа исфрлени од 30 метри висина.
https://www.youtube.com/watch?v=kM_6EY7T5To
















