Смена во техничкото одделение на чешката марка. Др. Јоханес Нефт од почетокот на следната година стапува на функција како директор на техничкиот развој во Škoda. Тој доаѓа на местото на Кристијан Штрубе, кој беше на оваа функција од 2015 година и наскоро заминува во пензија.
Кариерата на Др. Јоханес Нефт во концернот Volkswagen започнува во 1999 година, кога тој е ангажиран во одделението за проверка на квалитетот, во анализа на штети. Од 2001 година, Нефт раководи со лабораторијата за проверка на квалитетот во фабриката на Volkswagen во Португалија.
Три години подоцна, тој се враќа во Волфсбург и врши различни раководни функции во каросерискиот развој. Меѓу 2014 и 2016 година, др. Нефт е директор во развојот на каросерии, по што ја презема истата функција во рамките на целиот концерн. Тој е член на надзорниот одбор во фабриката на Volkswagen во Оснабрик, во Саксонија, како и во Sitech GmbH.
Кристијан Штрубе беше главен во техничкиот развој во Škoda од декември 2015 година. Меѓу неговите најголеми достигнувања се техничката реализација на електричната Škoda Enyaq iV, прв модел на чешката марка врз платформата MEB на концернот Volkswagen.
>>> На Škoda ѝ светна сијаличката: Осветлена брава за ремен

















