Почетната плата во фабриката на Tesla во Германија е 2.700 евра

Фабриката на Tesla во Берлин со базен и подиум на покривот
Фабриката на Tesla во Берлин со базен и подиум на покривот

До почетокот на следната година, агенцијата за вработување во Франкфурт на Одра ќе ангажира 200 лица за позиција на магацински работници, во новата фабрика на американскиот производител на електрични автомобили Tesla во близина на Берлин. До следното лето, бројот на вработени треба да достигне 7.000 лица под редовен работен однос.

Откако во 2022 година ќе се комплетира првата фаза од изградбата на фабриката, ќе следат уште 5.000 нови работни места. Во декември се планираат неколкудневни конкурси, на кои уште во истиот ден ќе им се соооштува на кандидатите дали се примени на работното место.

Вработените главно се регрутираат меѓу невработените и лицата што сакаат да преминат на друго работно место. Tesla ќе вработува и лица што подолго време се невработени или не располагаат со соодветна професионална квалификација. Како почетна плата може да се очекуваат 2.700 евра, додека бруто-платата за квалификувани работници ќе почннува од околу 3.500 евра.

>>> https://www.arbeitsagentur.de/en/welcome

Реагираат од синдикатот на вработени во автомобилската и металопреработувачката индустрија, со забелешка дека почетните плати во автомобилската бранша се значително повисоки. Доколку во Tesla се надеваат да ги достигнат амбициозните цели, тогаш им е неопходна и мотивирана работна сила, додаваат уште од синдикатот.

Познавачите ценат дека идните вработени во Tesla сепак ќе добиваат повисока плата, вклучувајќи К15, надомест за празници, за работа во смени, прекумерни часови или работа во викенд.

Tesla во следното лето ќе започне со производство на електрични автомобили во месноста Гринхајде, во близина на Берлин. Во првата фаза се планираат годишна продукција од 500.000 електрични автомобили и 12.000 работен персонал.

>>> Фабриката на Tesla во Берлин со базен и подиум на покривот

Претходна објаваКинескиот автомобилски пазар продолжува да расте
Следна објаваBMW најавува големи промени кај скутерите, секако електрични

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here