Ducati Multistrada V4 е прв мотоцикл со приспособлив темпомат

Ducati Multistrada V4 е прв мотоцикл со радарски темпомат

Ducati Multistrada V4 е целосно нов модел на Италијанците, со мотор V4 од 1.158 сантиметри кубни и 170 КС при 10.500 вртежи. Посебноста на моделот е во тоа што станува збор за прв сериски мотоцикл со приспособлив, радарски темпомат, како и со предупредување при возило во мртов агол.

Во поглед на системите за аситенција и безбедност, мотоциклите напредуваат со слично темпо како автомобилите. АВЅ во свијоци, Wheelie Control, контрола на тракција што одговара за возење по свијоци, контрола на притисок во гумите, светло за свијоци и задржување при поаѓање на нагорнина повеќе не се туѓи ставки во светот на мотоциклите.

Полуактивното подвозје со автоматско приспособување на предната вилушка и на амортизерите располага со автоматско одржување на нивото. Тоа ја препознава натовареноста на мотоциклот и самостојно ја дотерува крутоста на амортизацијата.

https://photos.app.goo.gl/e6QqegBo7Zddtir76

Корисничкиот дисплеј е комплетно нов, заедно со нова графика и повеќејазична подршка. Во верзијата Multistrada V4 S се вградува TFT-дисплеј од 6,5 инчи со можности за приспособување. Оваа верзија дополнително располага и со џојстик од левата страна, за управување со навигацијата.

Меѓу останатите новини се системот Ducati-Connect, кој преку блутут и Wi-Fi ги отсликува апликациите во телефонот и овозможува управување преку џојстикот. Во горниот дел на резервоарот се наоѓа преграда со приклучок USB за полнење на телефонот.

https://photos.app.goo.gl/VaWSkrqjdAchQesG6

Освен во основната и во верзијата S, Multistrada V4 се нуди и во изведба S Sport. Носивоста изнесува до 260 килограми. Висината на седење се дотерува меѓу 81 и 87,5 сантиметри. Во стандардната изведба, седиштето нуди висина од 84, односно 86 сантиметри. Предните тркала имаат пречник 19 инчи, назад има 17 инчи.

Ducati посочува и на рекордно долгите интервали за промена на масло на 15.000 километри, односно проверка на зјајот на вентилите на 60.000 километри. Постојат неколку варијанти на опрема (на пр. „Travel & Radar“, „Performance“ или „Full“). Има и пакети со прибор, под имиња како „Enduro“, „Touring“ или „Urban“.

>>> BMW ја подготви серијата R nineT за следната сезона

BMW ја подготви серијата R nineT за следната сезона

Претходна објаваKia е-Niro најпродаван електричен автомобил во Британија
Следна објаваКонцернот Volkswagen ќе електрифицира цел грчки остров

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here