Kia во октомври продала на британскиот пазар повеќе примероци од e-Niro отколку што се продал кој било конкурентски модел со електричен погон. Со вкупно 833 примероци од електричниот кросовер, Kia со овој модел покрива 8,9 проценти од целиот октомвриски пазар на електрични автомобили во земјата.
Британските автомобилски власти во април годинава воведоа повластено оданочување за компаниите што ангажираат електричен автомобил во својот возен парк. Тоа се покажа како уште еден силен поттик за продажбата. Во октомвриската продажба на e-Niro во Велика Британија, 520 примероци се регистрирани на име на фирма, додека останатите 313 примероци се сопственост на приватни лица.
Пазарот во островската земја не е исклучок од тоа што марката Kia го постигнува на целата територија на Европа. Во претходното тромесечје, Niro го престигна бестселерот Sportage. Тоа докажа дека британските купувачи и во кросоверот ги ценат просторноста, стилот и добрата опременост, како доблести на Kia, но сето тоа заедно со електричен погон.
Гледано во рамките на целиот европски пазар во истиот период, хибридите и електричните модели на Kia учествуваат со повеќе од една четвртина во вкупата продажба на марката. Niro учествува во оваа бројка со 55.588 примероци.
Kia e-Niro на британскиот пазар се нуди во три варијанти, почнувајќи од основната изведба со батерија од 39 kWh и досег од 290 километри. Топ моделот располага со поголема батерија и досегот соодветно му изнесува 450 километри. Цената за основниот модел изнесува 29.995 фунти, односно околу 33.250 евра, вклучувајќи субвенција за електрични автомобили.
>>> Каква е Kia Stonic по супертестот од 100.000 km на Ауто Билд?

















