Полска го избра Mercedes-Benz Actros за камион на годината

Полска го избра Mercedes-Benz Actros за камион на годината

Читателите на специјализираниот магазин за камиони „Polski Traker“ во Полска го избраа знаменосецот во камионската понуда на Mercedes-Benz за камион на годината. Тоа е шести пат, Actros да добие признание од читателите во изборот на полскиот магазин.

Изборот годинава првпат се одржа онлајн. Читателите добија можност да остават и коментари за својот избор. Тие се одушевија најмногу од современите системи за асистенција што се вградуваат во Mercedes Actros.

Младите возачи на камиони беа посебно одушевени од возилото што располага со дигитален мултимедиски кокпит, како и од системот од камери и дисплеи MirrorCam, кој ги заменува обичните ретровизори.

Читателите и професионални возачи ќе можат и лично да се уверат во сите предности и квалитети на Actros, затоа што дилерите во земјата имаат на располагање вкупно 65 „смарт-камиони“ за тест-возење.

https://photos.app.goo.gl/FNkJLg1WvsKzuSiw9

>>> Mercedes стартува со електричен eActros во серија во 2021

Претходна објаваToyota C-HR е следниот модел што добива изведба GR Sport
Следна објаваKia е-Niro најпродаван електричен автомобил во Британија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here