Несекојдневна средба на Bigfoot-Unimog и Mercedes Simplex

Несекојдневна средба на Bigfoot-Unimog и Mercedes Simplex

Секогаш одушевува кога возила што ги делат далечни историски периоди ќе се соочат во денешницата. Од тоа произлегуваат интересни споредби и заклучоци. Овојпат станува збор за Mercedes Unimog што има поставено висински рекорд и Mercedes Simplex од најраниот 20-ти век.

Неколку модели од најразлични историски периоди и со најразлични мисии се сретнаа на патеката за тестирање на Mercedes во Именинген, место оддалечено околу 120 километри пат од седиштето на концернот во Штутгарт. Документаристите на германската авто-куќа секако дека не пропуштија да ги овековечат тие моменти.

Меѓу првите работи што се воочуваат кога Mercedes Unimog U 5023 ќе се најде покрај Mercedes Simplex од 1902 година е разликата во големината на тркалата. „Универзалниот моторен уред“ (Unimog е кратенка од Universal-Motor-Gerät) во верзијата U 5023 доби т.н. балон гуми за да ги совлада исклучителните нагорнини кога пред неколку години поставуваше рекорд во Чиле, како возило што се искачило највисоко. Во споредба со него, гумите на Mercedes Simplex личат како да се т.н. пили за асфалт.

Mercedes Simplex од раниот 20-ти век со четирицилиндарец од 6,8 литри и тежина од 1,7 тон

Каросеријата на историскиот автомобил исто така изгледа малечка во споредба со Unimog. Наспроти 1,7 тон, колку што тежи Simplex, модерниот универзалец на Daimler се спротивставува со своите 5,5 тони. Во работната зафатнина е спротивен соодносот: Моторот на Unimog располага со 5,1 литри, додека Simplex ја црпи моќта од 6,8 литри зафатнина. Во двата случаи станува збор за четирицилиндарци. Моќноста ја прикажува вистинската разлика меѓу двата света на овие модели – 230 КС на Unimog против 45 КС на Simplex.

Уште неколку историски модели се појавуваат на сликите, меѓу нив 300 SL и актуелниот суперспортски GT.

https://photos.app.goo.gl/4WohZJSPQmqm9BmB8

https://photos.app.goo.gl/HSCCaaYRjiYcKwtH7

https://photos.app.goo.gl/q91NMMZM5caWTbvR9

>>> Чоколадите Ritter Sport се возат со електричен Mercedes eActros

 

 

 

Претходна објаваШише „теслакила“ за 250 долари, распродадено веднаш
Следна објаваСамо едно од десет нови возила во Норвешка е бензинец или дизел

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here