Kia и Hyundai се новите членови во европската мрежа брзи полначи

ionity мрежа брзи полначи

Европската мрежа брзи полначи се прошири со два нови члена, Kia и Hyundai. Двете корејски марки станаа стратешки партнер и акционер во заедничката компанија Ionity, што користи само струја од обновливи извори.

Двете корејски марки Kia и Hyundai се придружија во европската мрежа од брзи полначи за електрични возила Ionity. Со инвестицијата во оваа компанија, двете марки станаа дел од најобемната мрежа од полначи за електрични автомобили во Европа. Целта е Kia и Hyundai со овој чекор да поттикнат поширок круг возачки и возачи да се префрлат на електричниот погон.

Ionity е основана во 2017 година од страна на производителите на автомобили BMW, Ford, Mercedes и Volkswagen. Мрежата се состои од брзи полначи долж европските магистрални патишта.

Полначите работат според европскиот стандард CCS и располагаат со капацитет до 350 kW, што овозможува батеријата на одредени модели автомобили да се наполни дури и за помалку од половина час. Седиштето на Ionity се наоѓа во Минхен, во германската сојузна покраина Баварија.

>>> Колку чини полнење струја за Audi e-tron во Германија?

Претходна објаваСУВ-бумот му донесе милијарди заработка на General Motors
Следна објаваНа Škoda ѝ светна сијаличката: Осветлена брава за ремен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here