Две главни предности на идејата на Škoda, копчето на бравата за ремен да биде осветлено: Полесно наоѓање на бравата за ремен во мрак и нејзино светење во црвена боја, што возачите обично не ја сакаат во својот автомобил.
Škoda регистрираше изум со светска важност. Копчето на бравата за безбедносен ремен е изработено од проѕирна пластика и во него се поставени неколку диодни светилки, кои работат во два режими.
Кога седиштето не е зафатено, целото копче свети во бела боја. Постои замисла да се програмира светењето на копчето при седнување во возилото. Кога седиштето е зафатено, сензорите го препознаваат тоа и копчето соодветно светнува во црвена боја. Тоа е знак за возачот или патникот да стави безбедносен ремен.
Осветленото копче им помага и на родителите да проверат дали децата имаат ставено ремен. Откако ременот правилно ќе се постсави во бравата, таа светнува прво во зелена боја, за по кусо време да продолжи да свети во бела боја.
Голема е веројатноста дека светлечкото копче наскоро ќе стане дел од решенијата Simply Clever, по кои исто така е прочуена чешката марка. Само во 2019 година, Škoda регистрирала 94 патенти. Тоа е повеќе од која било друга фирма во Чешка.
>>> Škoda за девет месеци продала 720.000 возила, профит 469 милиони €
















