Првпат електричен автомобил во германскиот Топ 10

renault zoe - Првпат електричен автомобил во германскиот Топ 10

Во октомври, Renault Zoe се искачи до 7-то место меѓу десетте најпродавани модели на германскиот пазар, кој долго важеше како еден од најцврстите бастиони на дизел моторот.

Бидејќи германскиот принцип на работа се применува и во статистиката, истата ги двои продажбите на автомобили на приватни и службени. Доколку се исклучат автомобилите продадени за службени цели, тогаш Renault Zoe е дури на второто место на најпродавани модели на најголемиот автомобилски пазар во Европа. Моделот на првото место, дури и не мора да се спомнува – Golf.

Шампионскиот електричен автомобил со големина на Clio, во октомври се продаде во 5.014 примероци во Германија. Тоа е првпат во седумте години по почетокот на продажбата, Renault Zoe да се продаде во повеќе од 5.000 примероци на месечно ниво. Францускиот автомобил постави и рекорд за месечна продажба на електричен модел на германскиот пазар.

>>> Renault Twingo ќе вози на струја, цена 25.000 евра

Претходна објаваTesla ќе ја спасува и СО2-емисијата на Honda
Следна објаваПутин најави план за намалување на СО2-емисијата до 2030 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here