Билд ам Зонтаг, најтиражниот неделник во Германија, заедно со европската групација АУТО БИЛД, по 44-ти пат доделуваа награди во рамките на Златен Волан. Станува збор за најважниот избор во автомобилската бранша во европски рамки.
Доделени се вкупно дванаесет награди Златен Волан, меѓу другото во категоријата на градски автомобили, спортски автомобили, а првпат и во категорија на приклучни хибриди. Возилата беа обемно тестирање од редакциите и од жирито на патеката за тестирање Лаузицринг во германската сојузна покраина Бранденбург.
Во состав на 14-членото жири влегуваат тркачот Ханс Јоаким Штук, поранешниот возач во Формула Е и јутјубер Даниел Абт, тв-водителот Каи Пфлауме, авторот на ПС-Профи Сидни Хофман, водителката и тркачка Лина ван де Марс и легендата од ДТМ Јоаким Винкелхок.
Победниците во категориите за најдобар автомобил до 25.000 евра и најдобар автомобил до 35.000 евра ги избира редакцијата. Читателите на АУТО БИЛД гласаа за најубав автомобил меѓу повеќе од 60 модели во конкуренција, а воедно ги предлагаат и трите кандидати за награда за иновација на годината, за којашто понатаму гласа експертско жири.
Првпат Златен Волан во категорија на автомобили со приклучен хибриден погон, победник е BMW 330e
Големиот победник на изборот е Porsche Taycan. Електричниот автомобил победи во две категории – од жирито е избран за најдобар спортски автомобил, додека публиката го изгласа за најубав автомобил. Наградата за најдобар градски автомобил ѝ припадна на Opel Corsa-E, најдобар компактен автомобил на годината е Audi A3, во средната и вишата класа триумфираше BMW 330e со приклучен хибриден погон.
Во четирите категории за СУВ-модели победија Ford Puma, Polestar 2, Kia Sorento и VW Tiguan eHybrid. Најдобар автомобил под 25.000 евра е Hyundai i20, а во категоријата до 35.000 евра е најдобар Seat Leon. Најдобрата иновација ѝ припадна на Toyota/Lexus. Нивната гаранција за 1 милион километри за батеријата на Lexus UX 300e ги убеди и читателите и жирито.
















