По 35 години од дебито на првиот BMW M3, Баварците во септември го претставија најновото издание на својот двоец со екстра високи перформанси во средната класа: BMW M3 и M4. Деновиве започнува редовното сериско производство на двата модели, прво на купето M4 во Динголфинг, а сега и на лимузината М3 во Минхен.
Со почетокот на производството на новиот BMW M3 се комплетира семејството на серијата 3 во фабриката во Минхен. Гамата опфаќа најширок спектар од погонски варијанти, покрај тоа што во фабриката се изработуваат паралелно лимузината и комбито Touring. Од матичната фабрика на групацијата излегуваат примероци од серијата 3 со бензински и дизел мотори, но и со приклучен хибриден погон, а сега и М3. Без разлика на каросеријата и погонот, сите изведби се симнуваат од иста лента.
Купе изведбата на M4 се произведуваше во Минхен до пролетоска, оваа моделска варијанта во новата генерација сега има нов дом во Динголфинг. Неколку процеси се одвиваат паралелно во двете фабрики, на пример, предизвикувачката монтажа на покривот од карбон кој е достапен и за M3 и за M4.
Школкастите седишта со карбонска структура се од сопствено производство на BMW
Тоа што Минхен го има како специјалност е изработка на новите M Carbon школкасти седишта. BMW самостојно ги конструираше овие седишта и исто така самостојно ги произведува. Кај M3 е специфична и неопходноста за предниот поклопец и страниците на каросеријата да се монтираат рачно.
https://photos.app.goo.gl/rUTgf88QyX2u4epG8
Новите M3 и M4 може да се очекуваат во салоните на BMW во март 2021 година. Двата модели имаат иста погонска техника, а тоа е шестцилиндарец во линија со технолиогија M TwinPower Turbo и со принцип на моќност при високи вртежи. На располагање стојат два степени на моќност, со 480 КС во стандардната и 510 КС во изведбата Performance.
Единствена во сегментот е достапноста на 6-степен мануелен менувач за стандардната изведба на M3 и M4. Опција кај неа е 8-степен менувач M Steptronic со програма Drivelogic, кој е стандард кај „Performance“. Исто така стои на располагање погон на сите тркала xDrive, првпат во историјата на моделот.
>>> BMW повторно убедува дека M3 и M4 се цивилни автомобили

















