Хет-трик на Mercedes на изборот за ван на годината на What Car

Mercedes започнува со испораки на електричниот eSprinter

Електричната изведба на Mercedes Sprinter првпат освои награда на изборот на британскиот магазин What Car, како доставно возило со најдобар погон. Триумф и за верзијата со дизел мотор, во категоријата на големи ванови со најдобра противвредност. Хет-трикот се заокружи со програмата за продажба на користени возила.

Прва награда за новата верзија на Mercedes Sprinter со електричен погон. Докажаното доставно возило во изведба со погон на струја го убеди жирито со изборот од три режими на возење и со управливоста. „Брзо се заборава фактот дека станува збор за ван од 3,5 тони и нема поголем комплимент за возната динамика од тоа“, наведува жирито.

Дизелската изведба на Mercedes Sprinter, пак, претставува вистински избор за тие што се „доволно мудри да ги земат предвид трошоците во целиот век на експлоатација, место прво да прашуваат за цената.“ Три фактори решиле за победата на Sprinter со дизел мотор во категоријата на големи ванови: Врвна штедливост за сите варијанти на мотори, гаранција со неограничена километража и далеку највисока преостаната вредност од кое било возило во класата.

Наградата важи и за сервисните работилници на Mercedes-Benz Vans, за „квалитетот на нивната работа и за услугите за корисниците“. Клучно влијание во изборот на Mercedes имаше и 24-часовна поддршка на пат во период од 30 години, доколку возилото се одржува редовно во официјалната мрежа.

Конечно, третата категорија во којашто победи Mercedes во изборот на британскиот What Car се однесува на програма за користени возила. „Покрај широка понуда од квалитетни ванови, одлични продавачи и силна поддршка, не моше да се погреши“, гласи оцената на жирито за оваа категорија.

>>> Електрично комбе на Mercedes од пред 40 години

Електрично комбе на Mercedes од пред 40 години

Претходна објаваFiat Chrysler пред казна од 850 милиони долари во САД
Следна објаваBMW M3 стартува со производство неделава

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here