за

Електрично комбе на Mercedes од пред 40 години

Меѓу 1981 и 1983 година се изработија 32 комбиња на Mercedes со електричен погон, две дузини беа во активна примена кај германската пошта, за достава на пратки.

Електрично комбе на Mercedes од пред 40 години

Mercedes-Benz отсекогаш експериментирал со погоните. Тоа важи за автомобилите, но и за товарните возила. Пред 40 години беше претставена студијата Mercedes-Benz 307 E со електричен погон. Досегот и перформансите беа далеку од денешните eVito и eSprinter. Фургонот донесе вредни искуства.

Тогашниот Daimler-Benz AG, во октомври пред точно 40 години, го претстави електричниот транспортер Mercedes-Benz 307 E врз база на серијата Т 1. Целта беше да има минимални отстапувања од моделите со обичен погон, за производството да не чини премногу.

Тоа не е првиот транспортер со погон на батерија. Mercedes-Benz уште во 1972 година го разви LE 306, исто како студија. Од него се изработија 60 примероци, кои до 1979 година заедно минаа 900.000 километри. Различно од денешните електромобили, испразнетата батерија се заменува со полна.

Батеријата во 307 Е е вградена под подот на возилото, во просторот меѓу предната и задната оска. Таа има номинален напон од 180 волти. Вградениот механизам овозможува едноставно откачување на батеријата и отстранување со обична сервисна техника.

Товарниот простор има иста зафатнина како верзиите со обичен погон. Со корисна носивост од 1,45 тон и досег до 65 километри, при рамномерно темпо од 50 km/h, транспортерот беше одличен за користење во градски услови.

Се тестираа четири различни видови на контрола на погонот и пренос на сила. Електромоторот располага со 30 kW. Крајната брзина изнесува 70 km/h, а најголемата нагорнина што може да се совлада изнесува 20 проценти.

Од 1981 до крајнот на 1983 година се изработија 32 електрични транспортери и беа извршени две големи тестирања. Десет примероци беа на тестирање во рамките на владин проект, додека вториот проект го презеде германската пошта, којашто во период од пет години вршеше достава на пакети со 22 возила на територијата на Бон, главен град на тогашна Западна Германија.

Главниот проблем беше во батериската техника. Досегот беше доволен, но потребата од често и комплицирано одржување и краткиот рок на експлоатација на оловните батерии правеа сервисирањето на возилата да биде скапо.

Денешните електрични транспортери eVito и eSprinter веќе излегуваат како сериски возила и во практиката се докажуваат со досегот од 184 километри. Пазарот реагираше со одушевување. Онлајн-гигантот Amazon кон крајот на годинава ќе вклучи 1.800 електрични транспортери во својот возен парк за достава на пратки на територијата на Европа.

>>> Mercedes eVito на струја е интересен за фирмите

Mercedes eVito на струја е интересен за фирмите
Mercedes eVito на струја е интересен за фирмите

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seat совети за возење во есен

Паднати лисја, дожд и магла: Предизвиците на есента

skoda octavia автомобил на годината auto express

Skoda Octavia е автомобил на годината според Auto Express