BMW ја подготви серијата R nineT за следната сезона

BMW ја подготви серијата R nineT за следната сезона

BMW Motorrad, култната марка мотоцикли, напролет ќе почне да ги испорачува четирите модели R nineT, R nineT Pure, R nineT Scrambler и R nineT Urban G/S во освежено издание.

BMW Motorrad пред седум години го претстави R nineT како родстер од класичен крој. Изгледот на класичните мотоцикли на BMW се комбинираше со современа техника, вешта изработка и бројни можности за дотерување по свој вкус.

Набрзо почна да се шири моделското семејство. Прва беше веријантата R nineT Urban G/S како ендуро во стил на легендарниот R 80 G/S од 1980 година. Потоа следеше R nineT Scrambler за мотоциклисти што ја ценат суштината на оваа посебна сорта, за да заокружи R nineT Pure како пуристичка изведба, сведена на основното.

Боксер моторот доби нови глави заради исполнување на EU-5 нормите, влече посилно при средни вртежи и има сменет изглед

Моќноста на моторот остана непроменета, на 109 КС, но има разлика во бројот на вртежи – претходно максималната моќност се постигнуваше при 7750 min–1, сега при 7250 min–1. Во вртежниот момент нема промени: 116 Nm при 6000 min–1.

Во главата на моторот е изведен нов систем за турбуленција, кој овозможува посилно вртложење на смешата, а тоа води кон подобро и почисто согорување, како и поголем вртежен момент. Техничарите ветуваат дека новиот мотор повлекува посилно во подрачјето меѓу 4 и шест илјади вртежи.

Стандардно се вградува ABS Pro заедно со DBC (Dynamic Brake Control), има нов амортизер со приспособливо придушување (WAD) и нови возни режими „Rain“ и „Road“

Тркалезниот инструмент доби нов испис, со лого на BMW и „невидливи“ контролни светилки, кога истите се неактивни. Стандард кај моделите R nineT се и новите бели трепкачи со диодна техника, заедно со предно светло со истата техника. Во обемот на испорака следи и USB-приклучок за полнење.

https://photos.app.goo.gl/SXJrWit4Y5u1BVNk9

Нова опција е режимот за возење Pro, заедно со дополнителниот режим „Dyna“ за R nineT и R nineT Pure, како и „Dirt“ за R nineT Scrambler и R nineT Urban G/S. Со овој режим се влијае врз динамичната контрола на тракција DTC, како и врз контролата на тракција во самиот мотор. Меѓу опциите се нуди и пакет за комфор, со режим за возење Pro, темпомат и грејачи на дршките на воланот. Има и светло за свијоци, како и дизајнерска опција за издувниот лонец.

Секако, врв во индивидуализацијата е „Option 719“, со традиционални и ексклузивни ставки. Во оваа посебна програма се нудат различни дизајни на тркалата и разни додатоци, вклучувајќи и делови изработени машински.

BMW R nineT

https://photos.app.goo.gl/c1u6zjtK5mbxbkbC9

BMW R nineT Scrambler

https://photos.app.goo.gl/Yspzkkgy25ZwxKcz5

BMW R nineT Pure

https://photos.app.goo.gl/hiy3uvJdsfMK4ED37

BMW R nineT Urban G/S

https://photos.app.goo.gl/PVFzzMYDqt5mWF1u9

>>> BMW нуди карбонски тркала за своите мотоцикли

Претходна објаваКако исчезна значењето на димензијата на гумите
Следна објаваKia во октомври ја зголемила продажбата за 6,1 проценти