Автомобилот на Toyota се појави како гром од ведро небо и при премиерата на 29-ти октомври 1965 година ги засени сите возила на 12-от Токио Мотор Шоу. Toyota 2000GT е првиот суперспортски автомобил од јапонска продукција.
Да се конструира автомобил и да се донесе до почеток на сериско производство за помалку од една година беше вистински подвиг пред половина век. Точно тоа успеа да го постигне Toyota со 2000GT пред 55 години, со автомобилот што одушевуваше и во секој друг поглед.
Купето на јапонската марка ги засени сите модели од сцената на суперспортските автомобили во тоа време. На штандот на Toyota во саемските хали Харуми дојдоа 1,5 милиони псоетители, да го видат згодното гран-туризмо со најмодерниот дволитарски 6-цилиндарец на времето.
Гласините дека Toyota подготвува тркачка машина со високи перформанси почнаа уште рано во 1965 година. Автомобилот на јапонската марка сепак ги надмина сите очекувања при премиерата во Токио, точно пред 55 години, на 29-ти октомври.
На Токио Мотор Шоу тогаш дебитираа повеќе од 20 спортски автомобил од светските марки, но Toyota 2000GT недвојбено беше ѕвезда на салонот – и остана ѕвезда на автомобилската сцена до денес.

Купето понесе три светски и 13 класни рекорди, на високобрзинската патека Јатабе покрај Токио. Светот вистински го забележа моделот откако беше изведен родстер, кој се појави во легендарниот бондовски филм „Се умира само двапати“ од 1966 година. Тоа секако беше првиот јапонски автомобил во служба на најпознатиот таен агент во светот, Џејмс Бонд. За одбележување на почетокот на производството во 1967 година, Toyota ја ангажираше британската топ-моделка Твиги.
Автомобилот со најсилниот дволитарски 6-цилиндарец во линија, со две брегасти вратила во глава и централно поставени свеќички, со заводлива GT-линија и со дабл-бабл покрив, денес менува сопственик за најмалку еден милион евра. Yamaha изработи за Toyota само 351 примероци од овој автомобил.
















