Фабричкиот возач на BMW, Тимо Глок, преку педантно изведена видео-серија ја запознава публиката со највозбудливите случувања и проекти во концернот. Во втората епизода на „Timo’s Discovery“ германскиот тркач го тестира новиот BMW 545e xDrive со приклучен хибриден погон.
Откако Тимо Глок во првата епизода на „Timo’s Discovery“ беше на познат терен во симулаторот на BMW Motorsport, во продолжението на серијата тој го посетува прочуениот центар на групацијата во Гархинг, во близина на Михнен. Неговата мисија е тестирање на BMW 545e xDrive што ќе се појави во салоните на марката веќе во ноември.
Во знаменосецот во понудата од модели со приклучен хибриден погон во сериојата 5, работи електромотор со 109 КС во комбинација со линиски шестцилинарец од три литри и моќност од 286 КС. Сето тоа дава системски 394 КС. Посебноста на лимузината е во спојот меѓу можноста секојдневно да се вози до работното место и назад со погон на струја, додека при тури надвор од градот, хибридот се претвора во спортска лимузина и нуди уживање во динамиката.
Тимо има мисија да се увери во перформансите, исто како и во штедливоста на погонот. Неговиот заклучок: „Десет години возам автомобили на BMW и тоа секогаш е уживање. BMW 545e xDrive е мошне агилен, лесен за ракување, посебно е спортски и многу е комфорен. Одушевен сум.“
Во видеото, Тимо Глок го прикажува возилото во најразлични ситуации, добива експертско објаснување, а дознава и каква е улогата на прочуениот композитор Ханс Цимер во BMW 545e xDrive.
















