за

Екстремно Е: Мотоспорт во интерес на животната средина

Алехандро Агаг е основачот на Формула Е. Шпанецот сега оди чекор подалеку. Со релито Екстрем Е, бизнисменот основа тркачка серија каква што досега не постоела.

Extreme E тркачка серија

Екстрем Е претставува единствена форма на мотоспорт, како во поглед на правилата, така и во поглед на заштитата на климата. Новата тркачка серија ќе се вози во сите региони во светот, што посебно се погодени од влијанијата на животната средина и од климатските промени. Тоа ќе ги опфати и дождовните шуми и Арктикот.

Во новата тркачка серија ќе се возат теренски баги-возила со електричен погон. Зад серијата застанаа големи имиња, меѓу кои Луис Хамилтон, Нико Розберг и Матијас Екстром, исто како и Abt, Cupra и други марки.

Возилото Odyssey 21 е унифицирано за сите тимови. Возилото со погон на сите тркала е долго 4,51 метри, широко 2,30 метри и високо 1,90 метар. Моќноста изнесува 544 КС, спринтот до темпо сто трае 4,5 секунди, а може да се совладуваат нагорнини до 130 проценти. Двата електромотори му обезбедуваат на багито крајни брзини до 200 km/h.

Тимовите можат да прават измени единствено во каросеријата. Размилите сепак се однесуваат првенствено на лакирањето. По третата сезона, Алехандро Агаг ќе им дозволи на учесниците повеќе простор за интервенирање во техниката.

Сите активности во Екстрем Е се во знак на заштитата на животната средина. Багијата се напојуваат со енергија од горивни ќелии, кои и самите користат водород што е добиен на одржлив начин. Како пливачка база служи поранешниот патнички брод на британската пошта „Сент Хелена“, кој користи дизел со ниска содржина на сулфур. Самите трки се одржуваат на места, што веќе се уништени од влијанијата на животната средина или од човечки интервенции. На сите места, на кои ќе се стационира тркачкиот циркус, ќе се подржуваат локалните иницијативи за животната средина.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Трките почнуваат во март во пустините во Саудиска Арабија (Desert-X-Prix). Во дебитантската сезона ќе следат Сенегал (Ocean-X-Prix), Грендланд (Arctic-X-Prix), Бразил (Amazon-X-Prix) и Патагонија (Glacier-X-Prix). Сериајта не е замислена како рели со долг итинерер, туку се вози одреден курс, и тоа двапати. Еднаш вози машки, еднаш женски член од тимот. Овој принцип исто така првпат се среќава во мотоспортот. Тимот со најголем скок на една трка, ќе добие „хипердрајв“, односно дополнителна моќност, што ќе може да се искористи еднаш во текот на натпреварот.

Една X-трка ќе трае два дена, од квалификациите, до финалето. Послабите тимови двапати ќе имаат шанса да се бодат за победа. Тимовите што ќе бидат послаби на квалификациите ќе се соочуваат во „Crazy Race“. Фановите имаат можност, преку гласови да изберат уште еден тим во финалето (Replay).

И ова е единствено. За СО2-емисијата на тркачката серија да биде минимална, нема публика. Настаните во Екстрем Е ќе може да се следат само преку визуелните канали.

>>> Две дами на пустинско рели со Kia Telluride

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bugatti Bolide

Тркачкиот Bugatti Bolide располага со 1.850 КС и вози над 500 km/h

bmw-545e-xdr тимо глок

Како фабрички возач тестира хибридна BMW „петка“