Bugatti е познат по тоа што нуди единствен спој на врвна моќност и ултимативен луксуз. Сопствениците на Chiron или Veyron сигурно нема да се пожалат дека им е неудобно во скапоцениот автомобил, ниту пак им недостигаат моќ и брзина. Кај Bugatti Bolide, сé е различно.
Единственото што го разликува Bugatti Bolide од најекстремните автомобили по тркачките патеки е совозачкото седиште. Болидот е развиен за тркачка патека и тоа е единствената цел со којашто е развиван автомобилот. Проектот се работеше осум месеци, со цел да се покаже како би изгледал тркачки автомобил од марката Bugatti. Болидот, патем, ги исполнува сите безбедносни норми на ФИА.
Во изгледот на Bolide, кој е висок само 99,5 сантиметри и долг е 4,76 метри, нема ништо заедничко со Chiron – освен моторот. Осумлитарскиот W16 е преземен од моделите за „нормална“ употреба во сообраќај на Bugatti. Каросеријата е голема колку да го собере моторот. Техничарите беа посветени да заштедат на секој грам тежина. Карбонот како стандарден материјал се подразбира, но има и титаниум, а бројни делови со сложена структура се изработени со 3D-печат.
https://photos.app.goo.gl/U1pirjUdpbboHum68
Најголемиот дел од тежината од 1.240 килограми отпаѓа на гигантскиот мотор. Во споредба со моделите Divo и Centodieci, каде што моторот располага со 1.600 КС, осумлитарецот тука претрпе значајни промени. Четирите турбополначи добија оптимирани лопатки заради произведување поголем притисок, има преправки и во подмачкувањето со сув картер, како и во интеркулерите, кои имаат дополнително водено ладење. Модифицирани се и вшмукувачкиот тракт, како и издувниот систем.
Со погон на сите тркала и вонземска мо, Bolide спринтува за 2,17 секунди до 100 km/h. Повеќе импресионира времето од 7,37 секунди за спринт до 300 km/h. Крајната брзина е над 500 km/h, а како време на круг на Нордшлајфе, на Нирбургринг, се наведуваат 5:23,1 минути. Оваа вредност се базира врз симулации.
https://photos.app.goo.gl/Mky9EgpeQYXpjAtt5
Уште не е решено дали најекстремниот, бескомпромисен, најбрз и најлесен Bugatti во поновото време на луксузната марка ќе доживее изработка во серија. На мрежите веќе се појавува маскиран прототип, како тестира на француската тркачка патека Пол Рикар. Моќност од 1.850 КС и вртежниот момент со исто толку њутнметри се постигнува само со тркачки бензин со 110 октани. При користење бензин со 98 октани, моќноста паѓа на 1.600 КС.
https://photos.app.goo.gl/HYF56Jrohhy3VK5k8
https://photos.app.goo.gl/nAyYyv5nbeDRmpb87
















