Постои конструкциска грешка кај постарите примероци од Tesla Model 3. Американскиот електро-специјалист испратил допис до сопствениците, со којшто тие се повикуваат во сервисните работилници. Постои опасност задниот браник да се откачи при минување низ подлабока бара или при возење за време на пороен дожд.
Пропустот се состои во тоа што водата се насобира во браникот и под дејство на нејзината тежина може да се откачи пластичниот заден браник. Постојат повеќе објави, фотографии и видеа од сопственици на Tesla Model 3, во коишто се потврдуваат вакви случаи. Бидејќи Tesla призна дека станува збор за конструкциска грешка, сопствениците на Model 3 ќе можат проблемот да го отстранат бесплатно во рамките на гаранцискиот рок.
Според американските медиуми, Tesla веќе го надминала проблемот и во новите возила нема опасност да се откачи браникот. Проблемот ги погодува само возилата произведени од 2017 до 2019 година. Поточно, станува збор за возила што се произведени во фабриката на Tesla во Фремонт по 21-ви мај 2019 година.
Критичарите на Tesla подолго време посочуваат на слабиот квалитет на изработка на возилата од калифорниската марка. Тоа сепак не ѝ наштетува на успехот на компанијата на Илон Маск. Електро-пионерот веќе пет квартали во низа бележи профит. Во третиот квартал годинава, Tesla заработи 331 милиони долари нето (279 милиони евра). Планот е годинава да се надмине испорака на 500.000 возила.
https://www.youtube.com/watch?v=0GRO-sNuquM
















