Mercedes-AMG GT 63S уште од фабрика излегува со импресивна моќност од 639 КС. По преработката кај германскиот специјалист Posaidon, брзата купе-лимузина доби 940 КС и вртежен момент од 1.278 њутнметри.
За постигнувањето на исклучителната моќност беа потребни хардверски и софтверски зафати во 4,0-литарскиот V8 со битурбо натполнење. По преработката во Posaidon, купето со четири врати врз база на AMG GT ја добива ознаката GT 63 RS 830+.
Турбополначот е заменет со уште поекстремна изведба со топчести лежишта. Преправени се и downpipes, а се користат и катализатори од мотоспортот, за моќноста да не се попречува. Има зафати и во самиот вшмукувачки тракт, во интеркулерите и во главата на моторот. Проширени се вшмукувачките и издувните канали и полирани се заради оптимирање на струењето. Од дополнителните резервоари назад се повлекува смеша од вода и метанол. Соодетно на тоа се направени преправки и во мапирањето на моторот.
Како резултат од тјунерската работа, GT 63 RS 830+ спринтува од место до темпо сто за 2,8 секунди, додека до следната стотка минуваат само 5,9 секунди. За крајната брзина се наведува ориентациски дека таа е над 350 километри на час.
Бројката 830 во ознаката се однесува на моќностса, во случај кога не се користи метанол за напојувањето на моторот со гориво. Во Германија не е дозволено да се продава верзијата со метанол.
https://photos.app.goo.gl/2NpsKDao2qX3QfsS8
https://photos.app.goo.gl/ZjSQ9f5dPpW7xeRj9
>>> Mercedes-AMG GT со 4 врати има неколку новини

















