Алиса Роеник, авторка за медиумскиот гигант ESPN и Сабрина Хауелс, актерката од „Калеидоскоп“, ќе се натпреваруваат со Kia Telluride во петтото издание на Ребел Рели. Станува збор за рели само за дами, во коешто предизвикот е да се следи точна рута по пустинските предели во Калифорнија и Невада.
Релито стартуваше на 8-ми октомври во Лејк Тахо, Калифорнија. За осум денови, дамите ќе минат околу 2.500 километри, пред да пристигнат на целта на 16-ти октомври, во Империјал Сенд Дјунс во Калифорнија.
Алиса ќе ги следи упатствата од својата навигаторка Сабрина, користејќи класични географски карти и компас. На дамите нема да им стојат на располагање ниту GPS, ниту мобилна телефонија или какви било електронски уреди.
Основачката на Ребел Рели и докажана возачка Емили Милер го осмисли настанот со цел на дамите да им понуди можност да се впуштат во предизвици и да се соочат со услови што луѓето обично ги избегнуваат. Натпреварувачките се соочуваат со жега, песок, карпи и студ.
Во централата на Kia за Северна Америка со нетрпение го исчекуваат исходот од релито. „ова е важен настан за Kia, Telluride е еден од нашите најуспешни модели досега, а Ребел Рели е вистински тест за неговите издржливост, трајност и функционалност“, изјави Шон Јун, претседател и извршен директор на компанијата.
















