
Ако тоа се случува во Германија, како ли е само кај нас? Од таа причина го објавуваме примерот со моторно масло во реклама на трговски синџир во тамошен дневен печат. Агенцијата за конкурентност проверила дали евтиното масло во рекламата навистина одговара на наведените спецификации.
Моторните масла во малопродажбата најчесто се рекламираат со таканаречените одобренија од производителот на возилото. Овие одобренија честопати не одговараат на фактите. На тоа предупредува германската агенција за конкурентност.
Агенцијата ја проверила вистинитоста на тврдењето во рекламата за моторното масло во дневниот печат, на синџир дисконти. Цената на маслото била за 50 проценти под редовната продажна цена, односно под т.н. препорачана цена од производителот.
Во рекламата било наведено дека маслото има добиено одобрение од производителите на автомобили: “VW 500 00 (obsolete)/ 501 01/ 505 00 наменето за многубројни модели од Volkswagen, Audi, Seat und Skoda. MB 229.1 наменето за бројни модели на Mercedes A-, B-, C- и E-Klasse.”
По проверката од страна на агенцијата, се утврдило дека производителите на автомобили што се наведени во рекламата вооошто немаат издадено одобрение за маслото да се користи во нивните возила. Одговорните лица ценат дека трговскиот синџир во својата реклама ги мами потрошувачите во врска со клучните својства на моторните масла и нивната намена, како и со резултатите од тестирањата на моторните масла.
Агенцијата издала предупредување за дисконтот поради невистинита и нејасна реклама. Од компанијата се оправдуваат дека станува збор за пропуст и бараат случајот да се решава вонсудски.
Друг случај се однесува на B2B-флаер за 60-литарско пакување. На етикетата се наведува дека маслото има добиено одобренија од Ford и Mercedes. По проверката, се покажало дека маслото навистина има одобрение од Ford, но не и од Mercedes-Benz. Производителот на маслото, пред агенцијата излегол со тврдење дека станува збор за „препорака“. Бидејќи маслото било наменето за сервисни работилници, таму би морало да бидат свесни за разликата меѓу одобрение и препорака, објаснуваат од производителот на маслото. На компанијата понатаму ѝ се забранува да ја користи рекламата со оваа содржина.















