за

Уште еден кинески Chevrolet за пазарите во Јужна Америка

Огранокот на General Motors во Чиле го најави новиот кросовер Chevrolet Groove. Моделот и не е толку нов, всушност е многу познат од кинескиот пазар, каде што истиот носи лого на Baojun.

chevrolet groove

General Motors има практика да го заменува логото на своите автомобили со друга марка што повеќе одговара за одреден пазар. Меѓу последните примери е Chevrolet Captiva, кој имаше премиера пред точно две години на салонот во Богота, Колумбија.

Оваа Captiva нема ништо заедничко со моделот што се продаваше одлично и на европскиот пазар, заедно со Opel Antara којашто беше во сенка на американизираниот корејски автомобил. Моделот дури воопшто не е Chevrolet, туку е Baojun 530 произведен во фабриката во Кина, што е заеднична инвестиција меѓу General Motors и кинескиот партнер.

Автомобилите од фабриката на Baojun се покажаа многу корисни за американскиот концерн. Покрај Chevrolet Captiva, на неколу пазари во Јужна Америка ќе се нуди новиот кросовер Groove, кој исто така е модел на кинескиот Baojun.

Додека Captiva е идентична со Bajoun 530, новиот кросовер на Chevrolet во градската класа за чилеанскиот пазар е Baojun 510. Разликата во надворешниот изглед меѓу кинескиот автомобил и моделот Groove на американската марка е само во логото. Други разлики не постојат.

Што се однесува до самиот автомобил, Chevrolet Groove е кросовер долг 4,22 метри, со меѓуоскино растојание од 2,55 метри. Тоа се димензиите што ги имаше и претходната генерација на Opel Mokka. Моторот е 1,5-литарски бензинец со 110 КС, во комбинација со мануелен менувач. Во техниката, оригиналниот Baojun 510 е во предност со тоа што е достапен и во верзија со автоматски менувач.

Почетната цена на Chevrolet Groove на чилеанскиот пазар изнесува 9.690.000 пезоси или околу 10.350 евра. За споредба, Chevrolet Captiva врз база на Baojun 530 во Чиле чини 13.890.000 пезоси (14.800 евра), додека американскиот Equinox стартува од близу 20 милиони пезоси или околу 21.200 евра.

Oригиналниот Baojun 510 од кинескиот пазар, разликата е единствено во логото

New photo by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Great Wall во септември со над 40.000 продажби на Haval H6

Great Wall во септември со над 40.000 продажби на Haval H6

моторно масло полнење

Одобренијата за моторни масла од авто-марките не секогаш се за верување