Вонбродски мотор на Suzuki собира пластика од морето

Вонбродски мотор на Suzuki собира пластика од морето

Кај автомобилите на Suzuki јасно се препознава заложбата за чиста животна средина на корпорацијата, со вградувањето благ хибрид во целата гама модели. Истото внимание се посветува и во огранокот што произведува вонбродски мотори.

Јапонската корпорација Suzuki го разви првиот уред за собирање микропластика, кој се поставува на вонбродските мотори. Ситните честички пластика во светските мориња се загрижувачки проблем. Огромните количини пластика се распаѓаат на микропластика, што понатаму сериозно го загрозува водниот живот.

Инженерите на Suzuki го искористија фактот што вонбродските мотори црпат тони морска вода заради ладење на моторот, којашто потоа се враќа во океанот. Јапонските техничари развија уред што ја собира микропластиката од водата. На овој начин, микропластиката се собира едноставно со самото работење на моторот.

Уредот се прицврстува едноставно на повратниот канал и не влијае врз перформансите, затоа што ја користи водата што се враќа назад во морето откако ќе го излади моторот. При бројните тестирања на системот во Јапонија се потврди дека филтерот собира значителна количина честички. Развојот продолжува во светски рамки, со цел уредот да се донесе до производство. Suzuki планира тоа да се случи веќе во 2021 година, со цел уредот во иднина да се вградува стандардно.

https://photos.app.goo.gl/MvKEYjqvBRNH27PY6

>>> Најголемиот мотор на Suzuki е 4.0 V6 и се вградува во … глисери!

Најголемиот мотор на Suzuki е 4.0 V6 и се вградува во ... глисери
Најголемиот мотор на Suzuki е 4.0 V6 и се вградува во … глисери!

Претходна објаваБретања нарача 92 електрични автобуси Mercedes eCitaro
Следна објаваMercedes A-Class ја сакаат сите возрасти, цени порталот Buyacar

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here