Калифорнија за 15 години ќе регистрира само електрични автомобили

Калифорнија за 15 години ќе регистрира само електрични автомобили

За една и пол деценија, во Калифорнија ќе се продаваат единствено патнички автомобили и помали доставни возила што не испуштаат штетни материи, односно не користат бензински или дизел мотор. За товарни возила од средна и тешка категорија, новата одредба ќе важи по 2045 година.

Според калифорнискиот гувернер Њусом, оваа мерка ќе има значителен придонес за запирањето на климатските промени. „Автомобилите не треба да ги топат глечерите и да предизвикуваат зголемување на нивото на морето.“ Калифорнија во тој случај би била посебно погодена, затоа што целото крајбрежје и плажите ќе се најдат под вода.

Гувернерот ја посочи и поврзаноста меѓу разорувачките шумски пожари, што беснеат веќе неколку недели во државата на западниот брег на САД. „Нашите автомобили не треба да ги засилуваат шумските пожари.“

Научниот свет тврди дека шумските пожари на Западот на САД, чијшто број се зголемува секоја година, произлегуваат како последица од глобалното затоплување. Калифорнија е меѓу државите што веќе со години применуваат едни од најпрогресивните закони за заштита на животната средина и климата во светски рамки. Поранешниот гувернер Арнолд Шварценегер беше силен заложник за заштита на климата.

Политиката во сојузната држава Калифорнија наполно се разликува од генералната политика на САД. Американскиот претседател Доналд Трамп придаде поголемо значење на последиците од климатските промени дури откако во минатата недела ја посети Калифорнија и опуштошените подрачја. Трамп започна и повлекување на САД од Париската Климатска конвенција од 2015 година. Неговата енергетска политика и натаму се засновува врз нафта, гас и јаглен.

Кусо потсетување на ситуацијата од почетокот на корона-кризата

>>> Танкери со нафта закотвени покрај брегот на Калифорнија

Претходна објаваМагла предизвика верижен судир на автопат во Чиле
Следна објаваСо шарм на основен модел: BMW 116i

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here