Триесетина танкери со нафта се закотвени покрај брегот на јужна Калифорнија. Крајбрежната стража објави снимки од танкерите што се наоѓаат во близина на пристаништата во Лос Анџелес и Лонг Бич.
Крајбрежната стража на САД, задолжена за безбедноста, сигурноста и заштитата на животната средина во американските води и пристаништа, деновиве објавува снимки на коишто се забележува масовно присуство на танкери со нафта покрај Лос Анџелес и Лонг Бич.
Во соопштението од службата за безбедност се наведува дека „поради исклучителната природа на ситуацијата, Крајбрежната страна во континуитет ја следи и приспособува процедурата, заради безбедноста на закотвените пловила и на заштитата на средината“.
The #USCG is closely monitoring the increased presence of tanker vessels anchored off the coast of Southern California. pic.twitter.com/i6HuX6wxgn
— USCG Los Angeles (@USCGLosAngeles) April 24, 2020
Танкерите носат количина на сирова нафта што е доволна да се покријат 20% од светската потрошувачка на нафта, но таа нафта никому не му е потребна моментно. Нафтената индустрија веќе подолго време се соочува со проблем околу складирањето на нафтата што не се троши, додека експлоатацијата на нафта и натаму е на високо ниво.
Медиумите објавуваат дека во меѓувреме се зголемува бројот на танкери што пристигаат покрај брегот на Калифорнија. Во историјата немало случај толкава количина нафта да плови покрај западниот брег на САД. Станува збор за повеќе од 20 милиони барели сирова нафта. Танкерите се закотвени околу десетина денови.
Go back to #SaudiArabia – we don’t want or need your oil. #ClimateChange https://t.co/vJYvhMsC17
— Ross Gerber (@GerberKawasaki) April 25, 2020
Светот буквално се дави во нафта. Побарувачката за нафта е смалена драстично, додека мируваат бројни бизниси и луѓето седат во своите домови во вонредните услови поради пандемијата. Рафинериите не преработуваат нафта. ExxonMobil се префрли на производство на средства за дезинфекција на раце. Големите „барабани“ што обично се полни со нафта, сега содржат изопропил алкохол.
Првпат во историјата, нафтените компании не се посветени строго на профит, туку се грижат за спасување животи
Глобалниот гигант во бизнисот со нафта ќе донира пет милиони шишиња со средство за дезинфенција. Две хемиски фабрики на ExxonMobil ќе ја зголемат неделната продукција на 20.000 галони од ова средство за основна заштита на здравствените работници.
This is one reason why there are oil tankers floating off our coasts with nowhere to put their oil.
Our focus has shifted from producing oil to saving lives.
These are oil drums filled with hand sanitizer. Photo by The Advocate. https://t.co/GC0Nu4I3dG pic.twitter.com/NbXnoMIh4C
— Johnna 💎 (@JohnnaCrider0) April 25, 2020