Американскиот огранок на Kia во септември испорачал вкупно 55.519 возила, постигнувајќи ја најдобрата септемвриска продажба и воедно најдобриот продажен квартал во историјата.
Најпродаван модел во минатиот месец биле масивниот Telluride и вечниот бестселер Sportage, соодветно со 8.829 и 7.615 примероци. Во споредба со лани, продажбата на приватни лица достигнала 53.513 возила, што е за 35,3 проценти подобро од септември во 2019 година.
Други повпечатливи достигнувања на Kia на пазарот во САД во септември:
- Рекордна месечна продажба за моделот што напредува на пазарот побрзо од кој било друг модел на Kia претходно – Telluride со 8.829 примероци.
- Најдобра септемвриска продажба за Sportage
- Рекордна месечна продажба за Seltos со 5.613 примероци
- Највисока месечна продажба за новата лимузина K5, со 5.763 примероци во септември
Со неодамнешниот почеток на продажбата на новата генерација на Sorento и со растечката популарност на исто така новиот K5 (Optima), Kia очекува и во последниот квартал од годинава да постигне резултати далеку над просекот во браншата.
Најпродавани модели на Kia на пазарот во САД, до септември 2020
| Модел | Вкупно во 2020 |
| Forte | 62911 |
| Sportage | 62400 |
| Sorento | 60492 |
| Soul | 55331 |
| Optima | 48101 |
| Telluride | 46615 |
| Seltos | 29509 |
| Rio | 18043 |
| Niro | 13232 |
| K5 | 10662 |
| Sedona | 10131 |
| Stinger | 9792 |
| Cadenza | 922 |
| K900 | 209 |
| Вкупно | 428350 |
















