Škoda Octavia прв избор за Швајцарците, една од пет коли е на струја

Во септември по патиштата низ Швајцарија и Лихтенштајн се регистрирани 21.454 нови автомобили. Тоа е за 11,4% под резултатот за истиот месец лани. Корона-кризата во богатата земја ја намали продажбата за 27,7 проценти во досегашниот тек од годината. Електричните и хибридните возила се држат одлично, тоа е како правило на повеќе пазари во кризата.

Автомобилите со електричен и хибриден погон, како и со погон на гас или метан, во септември учествувале со 34,9% во продажбата во Швајцарија и Лихтенштајн. Притоа уделот на чисто електричните автомобили и приклучните хибридни автомобили изнесува 20,2 проценти. Тоа значи дека едно од секои пет новорегистрирани автомобили во земјата во минатиот месец, вози на струја.

Резултатите за целиот пазар не се толку оптимистички. Со 163.556 автомобили за девет месеци, продажбата годинава е најслаба по средината на 1970-те години, од нафтената криза. Предвидувањата дека пазарот со 240.000 возила до крајот на годинава ќе биде покус за 23% е тешко дека ќе бидат остварени, бидејќи корона-кризата уште остава последици.

Наспроти тоа, електричните и хибридните возила бележат рекорд по рекорд, барем што се однесува до нивниот пазарен удел. Со 24,1 проценти од почетокот на годинава, тоа значи дека секое четврто возило во земјата располага или со електричен или хибриден, и во помала мера со погон на гас. Во истиот период лани, нивниот удел изнесувал 11,6 проценти.

За девет месеци, во Швајцарија се регистрирани 11.169 автомобили што користат чисто електричен погон

Возилата со електричен или приклучен хибриден погон во септември постигнале 2.869, односно 1.462 продажби. Тоа е рекорден месец за нив. Пазарниот удел им порасна затоа што целиот пазар е скусен. Од почетокот на годинава, во земјата се регистрирани за 26,5 проценти повеќе електрични автомобили, односно вкупно 11.169 примероци. Уделот се зголемил од 3,9 на 6,8 проценти.

Растот е уште повпечатлив кај приклучните хибриди. За девет месеци, нивниот број се зголемил за 238,3 проценти, додека уделот пораснал речиси петкратно, од 1,0 на 4,9 проценти. Кај класичните хибриди има зголемување во бројот на регистрации за 39,1 проценти. Тие сепак ја предводат играта и нивниот удел изнесува 12,0 проценти – речиси удвоен од 6,3 проценти во истиот период лани.

Од вкупно 163.556 нови регистрирани автомобили во земјата до септември, 82.070 возила имаат погон на сите тркала, 37.590 се дизели, 19.694 се класични хибриди, 8.029 се приклучни хибриди, 11.169 се електрични, 481 користат метан, а има и 31 нов автомобил со погон на водород.

Статистиката за најпродавани модели во Швајцарија и Лихтенштајн, како последни ги наведува вредностите за месец август.

Топ 10 Најпродавани модели во август 2020

(новорегистрирани патнички автомобили во Швајцарија и Лихтехштајн)

Skoda Octavia

4156

VW Tiguan

2944

VW Golf

2213

Tesla Model 3

2190

Mercedes A-Class

2103

VW T6

2089

Audi Q3

2061

Skoda Kamiq

2036

Mercedes GLC

2023

Volvo XC40

2006

>>> Тест: Skoda Octavia 2.0 TDI DSG Style

Тест: Skoda Octavia 2.0 TDI DSG Style

Претходна објаваВозењето електричен тротинет може да биде во Мерцедес-стил
Следна објаваKia ја зголеми продажбата во септември за 10 проценти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here