Увозникот на возилата од марката Renault за Македонија го пушта Captur, како најпродаван модел во својата класа во Франција и Европа, да вози како официјално возило на Скопскиот Маратон 2020, кој се одржува под генерално спонзорство на WIZZ Air.
Од долгогодишниот увозник на француската марка наведуваат дека новиот модел на Renault со сите свои карактеристики на спортски теренец, атлетски профил и софистициран ентериер совршено прилега на овој настан.
Како пријател на годинешниот маратон и со надеж за долгогодишна идна соработка, од Аутомотив Груп им посакуваат успешна трка на сите учесници, со целосно почитување на мерките за заштита и правилата на протоколот посочена од страна на организаторот.
За својот модел Captur, од компанијата понатаму наведуваат дека тој е достапен во повеќе од 90 варијанти на надворешен изглед, во 18 конфигурации на ентериер, и секако со традиционалните 5 ѕвезди за безбедност.
Повеќе за Captur можете да прочитате во нашата споредба на противвредност:
Може ли Peugeot 2008 да го преземе водството од Renault Captur?

https://www.instagram.com/p/BxfBxolHnHv/
















