Автомобилската корпорација Kia ги објави финансиските резултати за првиот квартал од 2020 година, со продажба намалена за 1,9 процент во светски рамки. Во периодот од јануари до март, компанијата продаде 648.685 возила.
Забележливо малиот пад во продажбата, во услови кога некои европски производители, како Peugeot или Fiat бележат и трипати пониска продажба, се должи на зголемениот интерес за возилата на Kia на домашниот пазар. Продажбата во Кореја достигнала за 116.739 возила или за 1,1 процент повеќе од лани, додека на извозните пазари се пласирани 531.946 возила или за 2,6 проценти помалку од првото тромесечје во 2019 година.
Прометот пораснал на 14,57 трилиони корејски вони или за 17,1 проценти повеќе од соодветниот квартал лани. Тоа се должи на поволните девизни курсеви, зголемената продажба на возила од повисоките класи, како и на одличната продажба на некои клучни модели, меѓу кои и новите Telluride и Seltos.

Оперативната заработка на Kia сепак се намалила за 25,2 проценти до април, што е предизвикано поради неповолниот курс на размената на домашната валута за американски долари на крајот на кварталот.
Менаџерите очекуваат профитабилноста да се намали во вториот квартал, како последица од глобалната криза од пандемијата и несигурноста на купувачите. Мирувањето на фабриките и на дел оддилерската мрежа исто така ќе влијае врз продажбата на возила.
Повеќе нагласок на СУВ-моделите, комплетно нов компактен модел за растечкиот пазар во Индија
Kia ќе стави поголем нагласок на продажбата на СУВ, кадешто има свежа понуда од модели, вклучувајќи ги светскиот автомобил на годината Telluride, компактниот модел Seltos и неодамна претставената нова генерација на Sorento. Кон крајот на годината треба да се појави уште еден нов СУВ-модел, посебно за индискиот пазар, кој моментно постигнува голем раст.
Останува планот за претставување на 11 чисто електрични модели до 2025 година и за постигнување на маржа од шест проценти.

















