Погонот со две срца моментно се нуди во 44 модели на Toyota и Lexus ширум светот, најголема редукција на СО2 во европски рамки, четврта генерација на хибриден погон – или кусо: Досега се продадени 15 милиони хибридни автомобили под знакот на Toyota или Lexus.
Јапонскиот производител на автомобили, или по ново концерн за мобилност, во светот продаде повеќе од 15 милиони хибридни автомобили. Почнувајќи од пионерот Prius во 1997 година, моментно на светскиот пазар се достапни 44 модели на Toyota и Lexus со хибриден погон.
Само во Европа, за комбинацијата од бензински мотор и електромотор се решиле 2,8 милиони купувачи. Секој втор купувач во Европа (52 проценти) избира еден од 19-те хибридни модели на Toyota и Lexus што се нудат на пазарот. Само на ниво на Западна Европа, уделот на хибридните модели достигнува дури 63 проценти.
Постојаниот раст на продажбата оди во корист на заштитата на животната средина. Со 15-те милиони хибридни автомобили, јапонскиот производител ја поштедил атмосферата од емисија на 120 тони СО2.
Благодарение на нашата продажба на хибриди, Toyota е на најдобар пат да ја достигне целта што ЕУ ја постави за 2020 и 2021 година, за 95 грами СО2 на километар, за Европа кадешто важат најстроги закони за СО2 во светски рамки.
Мет Харисон, извршен потпретседател на Toyota во Европа
Toyota постојано ја усовршуваше хибридната технологија во минатите години. Од првата генерација на Prius, којашто стартуваше точно со протоколот за светската клима во Кјото, постигнати се бројни технички, но и оптички подобрувања. Четвртата генерација на хибридниот систем донесе уште поголема ефикасност во работата и пониска емисија на штетни материи, но е во исто време и достапна за поширок круг купувачи.
Toyota веќе почнува и со додавање модели со плагин-хибриден модел
Моделите со хибриден погон и и во иднина ќе имаат централна улога во моделската понуда на Toyota. Тие се претходница за моделите со следниот степен на електрификација на погонската спрега, односно за плагин-хибриди, електрични и водородни автомобили. Притоа од пресудно значење е богатото искуство на јапонскиот производител во развојот на електромотори, батерии и контролна електроника за погонот.
До 2025 година, Toyota ќе претстави вкупно 40 нови или преработени модели со електромотор во погонската спрега, вклучувајќи најмалку десет модели што ќе возат само на струја.
Се сеќавате на нашата „алтернативна серија“?
Хибридна тура со Toyota Corolla: Со 30 литри бензин низ цела Македонија (Дел 1)

Хибридна тура со Toyota Corolla: Со 30 литри бензин низ цела Македонија (Дел 2)
Mini со мини-потрошувачка: Хибриден Countryman со 2,1 литри бензин на 100 km
Тест · Volkswagen Passat GTE: Примерниот играч што стана револуционер
По најубавите есенски рути низ Македонија со Lexus UX

















