Најголемиот мотор на Suzuki е 4.0 V6 и се вградува во … глисери!

Најголемиот мотор на Suzuki е 4.0 V6 и се вградува во ... глисери
Најголемиот мотор на Suzuki е 4.0 V6 и се вградува во ... глисери!

Suzuki ги произведува Vitara и Swift, му припаѓа и легендата на две тркала Katana, но марката е присутна мошне често и надвор од асфалтот, во вода. Додека во автомобилите се повеќе од доволни 150 КС и 1,4-литарски турбо, кај вонбродските мотори се оди на големо: Шест цилиндри и 350 КС.

За автомобилите на Suzuki знаеме дека пазарот им врви одлично, а сме пишувале често и за причините за тоа. Знаеме и за мотоциклите на Suzuki, дека за нив е потребно сериозно искуство на две (или едно) тркало. Тоа што досега ретко било предмет на интерес се вонбродските мотори на јапонската марка. А, таму има многу интересни работи.

Понудата од вонбродски мотори на Suzuki е богата и традицијата е многу долга, за овој дел од производствената програма на компанијата да се обработи во објава за пред викенд. Доволна претстава се стекнува и со кус преглед на топ-моторот, кој носи ознака DF350A.

Suzuki останува доследен на своите начела и кај вонбродските мотори

Тоа што прави Suzuki да биде горд на овој мотор се дизајнот, компактните димензии, технологијата и двојниот пропелер. Моторот е конструиран со цел да биде „ултимативен четиритактен вонбродски мотор“ и Suzuki не се двоуми да каже дека станува збор за еден од најиновативните мотори во оваа категорија. Тој е прв што достигнува компресија 12,0:1, како ниво што обично го имаат тркачките вонбродски мотори. Моќноста не му недостига на овој V6, било да се цени според зафатнината од 4,4 литри или според 350-те КС.

https://photos.app.goo.gl/onjqL5V9MHQixqbq9

Suzuki DF350A е прв вонбродски мотор со два пропелери што се вртат во спротивна насока. Тоа може да се сопреди со погон на сите тркала кај автомобил, па уште и со слик-гуми на суво. Според Suzuki, тоа обезбедува сосем различно чувство во „возењето“, односно во забрзувањето, управувањето, држењето правец, и секако, брзината.

Уште еден важен „детал“: Топ-моторот на Suzuki чини над 30.000 евра.

https://photos.app.goo.gl/qAM4GFi5JbQ4qzfw9

Технички податоци · Вонбродски мотор Suzuki DF350A

ДИМЕНЗИИ И ТЕЖИНА

Должина на врат (mm) Верзија X: 635 / Верзија XX: 762

Тежина (kg) X: 330 / XX: 339,0

Пречник х Од (mm) 98 x 89

Димензии на пропелер 19,5″ – 31,5”

Тип на мотор 24 вентили DOHC

Број на цилиндри: V6 (55° агол)

Напојување Секвенцијално електронско впрскување на гориво во повеќе точки

Зафатнина (cm³) 4.390

Моќност во kW (КС) 257,4 (350)

Максимални вртежи (min-1) 5.700 – 6.300

Управување Далечинско

Масло во мотор (L) 8,0

Палење Електрично

Систем на палење Транзисторско

Генератор за наизменична струја 12V 54A

Држачи на мотор Гумени тивки блокови

Преносен однос 2,08:1

Менувач Напред, празен од, назад

Контрола преку кабел

Издув Во глава на пропелер

Цена Од 37.900 евра

Suzuki Ignis Hybrid или автомобилот со 29 денари еко-такса

Претходна објаваMercedes Citaro претворен во автобус за брза помош
Следна објаваDucati Panigale од 646 лего-коцки место од 220 КС

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here