Пазарот на товарни возила преполовен во март

Пазарот на товарни возила преполовен во март
Пазарот на товарни возила преполовен во март

На европскиот пазар на товарни возила во минатиот месец биле продадени 47,3 проценти помалку возила отколку во истиот месец лани. Падот во продажбата беше особено голем во три земји.

Европскиот пазар на товарни возила речиси се преполовил во март, поради пандемијата од корона-вирусот. Со вкупно 105.196 возила, на пазарот биле регистрирани 47,3 проценти помалку товарни возила отколку лани во март. Во јануари и февруари веќе имаше одредени падови во продажбата, но во март се случи драстично намалување на пазарот.

Трите држави во коишто е најзабележливо слабеењето на овој пазарен сегмент се воедно и трите најпогодени држави од пандемијата од Ковид-19. Во Италија се продадоа 66,1% помалку возила отколку лани во март, во Шпанија има -64,4 проценти, во Франција -63,1 проценти.

Сите сегменти од пазарот на товарни возила се силно погодени од корона-кризата и сите пазари на ниво на ЕУ 27 забележале поголем пад. Вкупно во првото тромесечје се продадени 413.327 товарни возила, што е за 23,2 проценти помалку во споредба со истиот период лани.

Најголемиот дел од продажбата го сочинуваат лесните товарни возила до 3,5 тони

Најголем удел во сегментот имаат доставните возила и комбињата, кои во првото тромесечје постигнале 339.314 продажби или 23,1 проценти помалку од лани во рамките на ЕУ 27. Комерцијалните возила од средна и тешка категорија учествуваат со 66.376 примероци (-24,8%), автобусите со 7.637 примероци (-10,3%).

Oбука за камион со Мercedes Actros во германска „возачка академија“

Oбука за камион со Мercedes Actros во германска „возачка академија“

Претходна објаваКористените коли во САД поевтинуваат, Ford и GM стравуваат
Следна објаваLexus LC со луксуз од најфините

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here