за

Lexus LC со луксуз од најфините

Lexus LC osvezuvanje
Lexus LC osvezuvanje

Инженерите на луксузната марка на Toyota му се вратија уште еднаш на своето ремек дело Lexus LC да ги усовршат деталите. Зафатите се направени со цел да се зајакне врската меѓу возачот и неговото возило, како и да се подобрат возните својства и управливоста. На тоа следат неколку опции за стилот и мултимедиски систем со збогатени фунции.

Близу десет килограми се скусени од тежината на таканаречената небалансирана маса, а тоа се главно компонентите од подвозјето и тркалата. Долните водилки сега се од алуминиум, вградени се цевни стабилизатори, на кои воедно им е сменет и пречникот, а за спиралните пружини се користи материјал со повисока цврстина, што овозможи да се смали нивната дебелина. Олеснети се и кованите бандажи од 21 инчи.

Соодветно следеа зафати и во приспособливите амортизери, со цел возачот подобро да го чувствува патот. Електронската контрола сега дозволува поголеми одови на предните амортизери и помеко возење. Зголемена е крутоста на задниот стабилизатор, со цел да се зголеми агилноста и да се добие полинеарно чувство при вртењето на воланот.

New item by Automedia MK / Google Photos

Нова функција на контролата на стабилноста е активниот асистент во свијоци, кој при влегување во граничното подрачје соодветно го потсопира задното тркало од внатрешната страна на свијокот, дозволувајќи поголема динамика во возењето.

Lexus LC 500h прв го доби Multistage-хибридниот погон, кој покрај менувачот CVT, дополнително користи 4-степен автоматик; За класичарите стои на располагање петлитарски V8

Сменета е и „логиката“ на 10-степениот автоматик од Lexus LC 500, особено во подрачјето што инженерите го нарекуваат активна зона и коешто се однесува на возењето со 50 до 70 проценти од моќноста на моторот. Промени претрпе и фамозниот мултистејџ-хибриден погон на LC 500h – менувачот сега префрлува во вториот, место во третиот степен, со цел да се постигне посилно забрзување на излез од свијок.

Сите моделски изведби на Lexus LC Coupé стандардно поседуваат Lexus Safety System +, кој вклучува самостојно запирање при опасност од судир со препознавање пешак, приспособлив темпомат, систем за следење лента, камера за знаци и автоматско долго светло.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Lexus LC 500h: Пристојна манифестација на безобразно

Lexus LC 500h

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пазарот на товарни возила преполовен во март

Пазарот на товарни возила преполовен во март

Volvo поканува на виртуелна посета на салонот во Скопје

Volvo поканува на виртуелна посета на салонот во Скопје