Volkswagen им издаде стандарди за заштита на 40.000 добавувачи

Volkswagen им издаде стандарди за заштита на 40.000 добавувачи
Volkswagen им издаде стандарди за заштита на 40.000 добавувачи

Концернот Volkswagen подготви мерки за максимална заштита на здравјето на вработените, додека фабриките се враќаат во погон. За во исто време да им понуди помош и на своите над 40.000 добавувачи и партнери во светски рамки, вклучувајќи и неколку стотини шпедитери, концернот ги дистрибуираше своите концепти на заштита во целиот овој производствен синџир.

Во текот на минатите неколку седмици се изработени стандарди на ниво на концерн, за сите марки, со помош на 50 експерти за организација на производството и здравствени експерти. Овие стандарди имаат за цел да ги заштитат вработените од опасноста од заразување со Ковид-19. Посебни пакет мерки се применуваат во производството, во логистиката и во администрацијата.

Лиферантите, партнерите и шпедитерите со коишто соработува компанијата, пристапуваат до предвидените заштитни мерки преку B2B-платформата на Volkswagen и можат понатаму да ги применуваат истите. Воедно се подготвени и најразлични материјали за комуникација, кои се ставени на располагање на 19 различни јазици.

Volkswagen е единствен авто-производител што поседува бродови

Volkswagen единствен авто-производител што поседува бродови

Претходна објаваКлиматолозите бараат поголема поддршка за „зеленото“ стопанство
Следна објаваToyota има многу да каже за Денот на планетата Земја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here