Осум илјади Британци над 90 години ја вратиле дозволата

Осум илјади Британци над 90 години ја вратиле дозволата
Осум илјади Британци над 90 години ја вратиле дозволата

Во Велика Британија расте бројот на лица над 90 години, кои доброволно се откажуваат од својата возачка дозвола. Лани овој чекор го презеле повеќе од осум илјади лица, што е за 21% повеќе отколку преклани.

Во 2019 година, точно 8.014 Британки и Британци над 90-годишна возраст доброволно ја поништиле својата возачка дозвола. Оваа практика ја применуваат сé повеќе возачи со вакво непроценливо долго искуство, затоа што бројот се зголемил за 21% во споредба со 2018 година.

За веста од Агенцијата за издавање возачки и сообраќајни дозволи да добие уште толку на тежина, придонесува и податокот дека во исто време се зголемува и бројот на возачи над 100-годипна возраст што се откажуваат од возење. Конкретно, во оваа старосна категорија, трендот покажува плус 146,2 проценти.

Се претпоставува дека овој растечки тренд кај 90-годишниците произлегува од незгодата што лани ја предизвика Војводата од Единбург, по што следеа силни осуди од медиумите.

На 17-ти јануари лани, принцот Филип, тогаш на свои 97 години, се приклучил на главна крстосница без да внимава на сообраќајот. Возачот што веќе се движело со својот автомобил по патот не можел да го избегне судирот и удрило во возилото на англискиот благородник.

Во земјата не постои легална возраст по којашто повеќе не може да се управува возило. Задачата околу проверката на возачката способност се сведува на нивните блиски, за кои тоа воопшто не е едноставно.

Претходна објаваОва експедициско возило издржува две недели без цивилизација
Следна објаваTiguan е најпродаван Volkswagen, достигна шест милиони

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here